БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Делчевчани живеат со традицијата. Во духот на заедништвото во Делчево одбележан празникот Богојавление-Водици

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со многу среќни лица, со свеченост и радост во душата и телото, во духот на православието денеска беше одбележан празникот “Св. Богојавление”-Водици во Делчево. Уште од раните утрински часови можеше да се почувствува празничниот дух на денешниот свет ден кој се празнува во чест и слава на Светиот Дух кој во форма на небесна светлина и бел гулаб слетал да посведочи на светото крштение на нашиот Господ Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на Св. Јован Крстител.

Празнувањето започна во 07.00 часот со утринска литургија во Градската црква “Успение на Пресвета Богородица” во Делчево, по што во 08.00 часот се служеше Света литургија во чест на денешниот празник. Голем број на жители на Делчево уште од раните утрински часови беа дојдени во црквата за следење на литургиите, во чест и слава на денешниот празник. Забележлива беше среќата, радоста, светлината и свеченоста на лицата на мноштвото делчевчани кои масовно беа дел од целокупниот настан.

Радоста на најмладите беше најголема-Дел од Светата литија во Делчево.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во 10.30 часот со света литија, групата верници од пред црквата се упати кон центарот на Делчево, кај мостот на река Брегалница каде неколку илјади делчевчани очекуваа да го проследат чинот на осветување на водите на реката со Светиот крст. Дваесетината млади момчиња кои беа пријавени за учество во пронаоѓањето на Светиот Крст, нестрпливо очекуваа да влезат во ладната вода на Брегалница. На знак на свештените лица, свечено и во духот на христијанските канони и православното славољубие, непоколебливи од ладното време, со топлина во душата, младите момчиња се препуштија на брановите на Брагалница.
На чудесен начин Светиот крст беше изнесен од водата на реката од страна на младиот Васко Панчовски, кому ова му е втор пат да ја има таа чест да го извади од водата.

https://www.facebook.com/125168594359000/posts/1324315351110979/

Потоа Светиот крст заедно со неговиот носител, дел од присутните граѓани и свештените лица се упатија повторно кон градската црква каде Истиот беше положен за поклонение да стои за сите верници.
Во оваа свечена пригода свештените лица од делчевскато архиерејско намесништво на чесниот пронаоѓач на крстот му доделија пригодни свети подароци (Икона со ликот на Божјата мајка Пресвета Богородица, примерок од Светото писмо и други симболични награди).

Светиот крст во рацете на Васко Панчовски од Делчево.

Овој традиционален настан претставува преубава пракса за манифестирање на заедништвото и сплотеноста на нашиот народ, и ваквиот позитивен дух на негова реализација треба и мора да продолжи да се одржува и во иднина.

За многу години Вујордание.

Бог се јави.

https://www.facebook.com/508692146136070/posts/1040813666257246/

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace