БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Демант на прес-конференција на Иван Гоцевски

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во одговор на обвинувањата на Претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево Иван Гоцевски за недостатоци во днос на работењето на ТППЕ Делчево, чија што прес конференција ја пренесовме на нашиот портал, со свој Демант во јавноста се обрати Градоначалникот на Делчево Горан Трајковски.

“Поради континуираните лаги кои што ги шири поранешниот член на ГРОМ, сега општински претседател на партијата никогаш северна, а во иднина можеби член на ЗНАМ или можеби ВЛЕН – Иван Гоцевски, заради тоа што лагите преминаа за жал во нешто што е нормално за неговата сегашна партија – граѓаните треба да ја знаат вистината.

Вистината е следна.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Иван како ноторен лажго – лаже! – дека не се исплатени платите на пожарникарите. Исплатени се сите плати на пожарникарите, вклучително со последната плата за месец Јануари 2025 година.

Иван како ноторен лажго – лаже! – дека пожарникарите се делат по било кој основ на ” ваши и наши”.

Иван како ноторен лажго – лаже!!! дека на дел од вработените се исплатени плати, а на дел не.

Точно е дека пожарникарите се херои на секој град со нивната специфична и исклучително важна дејност која ја имаат, но тоа нетреба да се искажува само со зборови – туку со дела.

Вашата сегашна партија, за жал на никој начин не ги подобри работните услови на пожарникарите додека беше осум години локална власт, ниту пак ги покачи платите во тие осум години.

Пожарникарите може да ги чуствуваш како херои на својот град – кога ке им обезбедиш подобри услови за работа и ќе ја опремиш единицата со механизација. За разлика од тебе и твоите ноторни лаги и твоето лицемерие, јас ја почитувам нивната професија и затоа сум вложил максимум за да ги подобрам нивните услови за работа. Имавте можност осум години – но ништо не направивте, и треба да ти е срам да излезеш пред камера и да шириш дезинформации. Во периодот откако сум јас градоначалник на Делчево за ТППЕ Делчево набавивме:

1.Едно противпожарно возило ФОРД

2.Едно противпожарно возило ИВЕКО Магирус

3.Едно противпожарно возило ТАМ 80

4.Два броја –Специјални противпожарни подвижни механички скали

5.Една подвижна моторна пумпа за вода со мотор ПОРШЕ

6.Една клима

7.Еден телевизор

8.Еден електричен шпорет

9.Еден ФРИЖИДЕР

10.Еден електричен бојлер

11.Еден печатач

12.Ги реновиравме кујнските простории

13.Набавивме 17 нови шкафови за униформи

14.Набавивме 17 пара професионални ракавици

15.Набавивме 17 пожарникарски шлемови

16.Набавивме 17 униформи за интервенција, односно 17 огно отпорни одела

17.Набавивме 17 пара професионални противпожарни чизми со метална заштита

18.Набавивме 17 грбни прскалки – напртњачи

19.Набавивме 10 пожарникарски црева – ф52

20. Набавивме 17 надземни хидранти

Е така и на овој начин со дела можеш да им го вреднуваш трудот на пожарникарите и да ги вреднуваш како херои на Делчево, другото е се празни зборови и политички манипулации.

И ти Иван мене ќе ми кажуваш јас да се свестам – свестете се вие Иван со твојата сегашна партија и прекинете да го манипулирате народот, ветивте повисоки пензии за пензионерите и повисоки плати на работниците, а не им ветивте дека ќе измислувате нови методологии за синдикални кошнички и да му кажувате на народот место цреши да собираат и да јадат диви шумски јаготки и место кафе – да пијат наут.

Од толку големата грижа што ја имавте за пожарникарите, вие неможевте да видите дека инвентарот беше од периодот после втората светска војна и не презедовте ништо – но битно само со празни зборови и бесрамни лаги го манипулирате народот дека вашата грижа е огромна.

Народот е ужасно изморен од политика, лаги и празни ветувања и бидете сигурни дека тоа веќе не поминува, ниту за парламентарни, а уште помалку за локални избори. Народот ќе даде доверба на тој што има визија за градот, на човек кој не се плаши да работи и да создава нови вредности и за градот и за граѓаните.Овие избори за тие што ќе се кандидирате, мора да бидат – борба на визии, идеи, способност за менаџирање и чуство за посветена работа, а не лаги и празни ветувања.”

-рече на својата прес конференција градоначалникот на Делчево Горан Трајковски.

Креирано од:


Пренеси го гласот