БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Денеска е Летник

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На денешен ден (први март по стариот календар), Светата православна црква го празнува споменот на Светата преподобна маченица Евдокија – родена во феникискиот град Илиополе.

Преданието сведочи дека како девојка била многу убава и дека со неморал спечалила огромно богатство. Подоцна го примила Христијанството, го напуштила расипничкиот живот, имотот го поделила на сиромашните христијани и се закалуѓерила. Во манастир минала 56 години. По наредба на тогашниот управник на Илиополе била исечена со меч во 152 година.

Со празникот посветен на нејзиниот спомен започува месецот март, а според некои и новата година. Први март уште се вика и Летник, зошто според верувањата тогаш започнува летото.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На овој ден низ цела Македонија традиционално се изведувале богати обичаи кои врз магиски принцип треба да обезбедат заштита од разни штетници, од змии, болви, од шумски ѕверови, но и здравје на луѓето во претстојната работна сезона.

Меѓу позначајните магиски обичаи на овој празник е правењето мартинки. Тие најчесто се прават од бел и црвен конец околу вратот или на рацете и нозете. Најчесто ги носат децата, но во некои краеви ги носеле сите членови во семејството како магиска заштита од несреќи. Како прв пролетен или летен ден за Летник се поврзани и други обичаи и верувања што имаат за цел да иницираат среќа, здравје и бериќет во текот на цела година.

Сите овие магиски верувања и обреди не наоѓаат подлога и сушштина во црковниот живот на Светата Црква, која ги отфрла истите.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace