Со почеток во 18.00 часот ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија денеска излегуваат на граѓански протести против актуелната власт. Иницијална каписла за вечерашниот протест е зголемувањето на цената на електричната енергија кое што го направи регулаторната комисија за енергетика веднаш после одржувањето на предвремените парламентарни избори на 15 јули.
Но, причините за искажување на масовен граѓански револт против политиките на актуелната старо-нова власт лежат подлабоко речиси во сите сфери на општествено живеење.
Почнувајки од непочитувањето на резултатите од референдумот од 30 септември, бруталната партизација на државата, масовниот грабеж на државниот буџет од страна на фирми и функционери блиски до власта како и економската катаклизма во која секкојдневно живеат граѓаните се неколкуте остри врвови на огромната санта мраз која ита да го потоне Македонскиот Титаник.
Протестот ќе започне пред канцелариите на Министерството за правда во центарот на Скопје а ќе заврши пред зградата на Регулаторната комисија за енергетика.
Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикаа сите незадоволни граѓани, граѓански организации и останати политички субјекти да им се придружат во овој поход за уривање на актуелната власт предводена од СДСМ и ДУИ.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Историскиот антагонизам меѓу двете држави се надминува? Бугарија ја одобри еколошката студија за изградба на патно поврзување меѓу Струмјани и Берово
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“