Се будите наутро без никаква предвидливост што може да донесе денешниот ден, денот потоа, следната недела, месец?
Се прашувате себеси како ќе ја истуркате до крај годинава која никому не му донесе добро?
Во природата на секое човечко битие е да се побуни против лошите животни услови во кои сите ние живееме. Некои живеат полошо од други. Некои се во очекување дека ќе биде подобро, ама тоа “подобро” никако да дојде.
Имаше време кога државата, медиумите, партиските шефови не лажеа дека живееме во транзиција и еве кај и да е транзицијата ќе заврши.
Вистината е дека Македонските граѓани никогаш не излегоа од транзицијата, која што беше поим за манипулација преку кој се “фарбаше” народот додека политичките елити живееја врз плеќите на народот, обезбедувајки несразмерно голема имотна состојба за себе и своите фамилии. За волја на вистината имаше и такви политичари кои што не знаеја или не сакаа да приграбат за себе поголема имотна корист. И ден денес постојат граѓани (и тоа во влијателно голем број) кои што таквите политичари ги нарекуваат ГЛУПИ.
Но таквите народни трибуни се искрата светлина во тунелот во кој сме заглавени.
Државното уредување во кое што живееме, со инструментите на моќ и прераспределба на јавните финансии на државата, манифестира тотална немоќ за справување со предизвиците во кои што секојдневно живеат Македонските граѓани. Сите знаеме дека улицата по која возиме е слепа. Нема перспектива, нема идеи, нема визија за работите да тргнат на подобро. Оттука билетот во еден правец кон некоја поразвиена држава е реална и единствена опција за многу наши сограѓани.
Завртете се околу себе, погледнете низ своето маало, побарајте ги своите некогашни школски другари од основно или средно образование, ќе ви стане јасно за што зборувам, доколку се уште постои кај секој од вас барем и тронка двоумење за тоа што треба секој од нас да го направи.
И тука не помага ваучер за одмор, предизборен пакет со зејтин и шеќер, вработување на државни јасли додека задолжувањето на државниот буџет ги пробива сите можни граници и досегашни рекорди. Не помага ни селективната правда која за да ја добиете треба да станете партиски роб на владеачката гарнитура. Нема да помогне ни тендерот добиен од вашиот “омилен” градоначалник, затоа што тие пари ќе ги потрошите а дефектите на системот во кој што ќе продолжите да живеете ќе ви се вратат да го наплатат својот данок. Можеби не веднаш но кога-тогаш бидете сигурни дека ќе се врати. Затоа што сите сме во фекалии до гуша. Заедно! Во овој резерват од држава каква што ја направија досегашните политички елити, нема бегање од суштината.
Подолу од ова не може, затоа што ги снема “пророците” кои што го дефинираа поимот за дно.
Денеска кога во агонија на сопствениот егзистенцијализам “славиме” 29 години независност како држава под ударот на божемната наивност на еден Зоран Заев, кој своевремено за себе кажуваше дека е црпнат, патот до сопствената гордост и достоинство е низ обединување.
Да се обединиме сите обесправени граѓани кои што знаат подобро од овој полски нужник во кој што не втера актуелната власт, во кој што живееме како држава.
Да се обединиме сите кои што го чувствуваат ножот до своите коски.
Да се обединиме сите ние што сакаме светла и просперитетна иднина на своето село, својот град, нашата Република Македонија.
Ние сме креатори на сопствената судбина.
Време е за гласност, револт, спротивставување… Време е за ПРОТЕСТ!
Да не дозволиме група партиски мафијаши да не владеат како резултат на нашата добродушност и поделби.
Никогаш не е доцна за протест во кој вистината ќе биде ставена на тест, наспроти измамите и манипулациите на Зоран Заев!
Среда, деветти Септември, пред Министерството за правда во Скопје со почеток во 18.00 часот.

Затоа што правдата мора да проговори низ гласот на вистината.
Пишува: Кирчо Анастасов


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Алиу – Кузмановска: Во најтешките мигови едно семејство донесе одлука што значи живот – спасен живот на пациент со трансплантација на црн дроб и подобрен квалитет на живот кај пациент со трансплантиран бубрег
Мицкоски изрази чудење за различниот став на Градоначалникот на Крива Паланка и неговата матична СДСМ во врска со стратешкиот проект во село Луке
Мицкоски во однос на обвинувањата на Блерим Беџети од ДУИ: секој има право на презумција на невиност