Глас е колаборативен музички проект од Бранко Шпољариќ Паљач и Ѓокица Зафировски
Бранко и Ѓокица се ветерани на македонската музичка сцена, познати како фронтмени на рок групите Чоканче и Suns, респективно. Покрај албумите објавени со нивните групи во минатото, во поновата историја имаат остварено соло албуми и учествувано во разни колаборативни проекти.
Соработката на проектот Глас е започната на пријателска основа во текот на 2019 година, и оваа година резултира во две нови студиски песни – „Ново време“ и „Глас“
“ДАЛИ СИТЕ КЕ СИ ЗАМИНАТ И ДАЛИ НЕКОЈ КЕ ОСТАНИ ДАМИ БИДИ ДРУГАР ДО КРАЈ ?
…..Песна за сите нас….. многумина од нас имаме родители, роднини, деца на другари, пријатели, познаници кои се некаде заминати, некои за секогаш, заради економско-политичката состојба во земјата… за жал, многумина остануваат сами…. Дали сите ке си заминат ? …..една мелодична спора тема одсвирена и одпеана само со акустична гитара и глас…..
“ИМА ПРАВИЛА ИМА ЗАКОНИ, БЕЗ НИКАКВА ФУНКЦИЈА”……… дел од песната НОВО ВРЕМЕ во која во Реге стил е опишана ситуација во Државата, воопшто во моментот и во изминатите 20-30 години…


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Луѓето се враќаат на Месечината за само 3 дена!
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости
„Еј жено, храбро срце носиш“ – новата емотивна балада на Елена Велевска со моќна порака за жените