Ах моја жална Македонијо, низ годините те делеа, те распарчуваа, но ти беше гордо исправена затоа што знаеше дека те бранат твоите синови, синови Македонски.
Колку ли само крв се пролеа за слободата твоја, колку ли само Војводи и комити ги дадоа своите животи, за само ти да бидеш слободна и уште колку ли крв треба да се пролее за да те ослободиме…
Мртвите и во гробот немаат мир кога те гледаат како си клекната на колена и како крвавиш моја жална Македонијо…
Последниве неколку години црни и темни облаци надвиснаа над тебе моја Македонијо. Како чума да завладеа, па решија се што е Македонско да уништат и да избришат…
Страв донесоа – но ние не им се плашиме!
Невини луѓе по затвори затворија – нека не затвораат, не им се плашиме!
Не им се предаваме, е тоа нив ги заплашува што докрај остануваме верни на Македонската кауза…
Ние сме Македонци, сме се родиле како Македонци, и ќе умреме како Македонци… Нашата мила татковина е Република Македонија!
Честит 8ми Септември – Ден на Независноста на Република Македонија ![]()
Пишува: Стојанче Никодиноски


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст