Посакувам да се родев порано.
Да можев на овој ден пред 29 години и јас да прославам, моето срце да затрепери така слободно…
Да верував дека од тој момент мојата држава ќе напредува сама, ќе имаме добро образование, пристојни плати, задоволни млади што ќе напредуваат во сопствената држава…
Да верував дека од тој момент ќе можеме гордо, со крената глава на цел свет да му кажеме дека сме Македонци, самостојни сме, помина времето за ропство, конечно се изборивме, мртвите што дале живот за државава ќе можат спокојно да почиваат, пролеаната крв не била залудна…
Да го доживеев тоа па да умрам со тој сон, за таква Македонија…
Колку е денес за жалење Македонија?
Северна творевина, без историја, без идентитет, економски пропадната, обесправена држава и уште пообесправен народ…
Кој треба да го промени тоа?
НИЕ!
Одново да се избориме за нашите правдини, па дури потоа да славиме независност.