БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Денеска во 18.30 часот обединување на Македонија и Македонските граѓани пред зградата на ненародната влада

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска со почеток во 18.30 часот на платото пред зградата на Владата на Република Македонија ќе започне големиот семакедонски народен собир на граѓани кои ќе протестираат за ослободување на уставобранителите кои гнијат по Македонските затвори како резултат на неправедната пресуда на Добрила Кацарска за настаните од 27 април 2017 година кои се случија во Македонскиот парламент.

Протестот од пред владата со протестен марш ќе се пренесе пред собранието.

Од страна на организаторите на протестот во јавноста се објавени причините за случување на овој протест

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Поради не исполнувања на нашите барања од семакедонскиот протест на 25ти Април кој беше организиран по повод годишнината од настаните во Собранието на Македонија на 27 април 2017,поради политичките прогони против патриотите,поради лажните искази и сведоци,поради драконските казни , Македонците во светот и татковината, македонските заедници и организации од Европа, Канада, САД и Австралија, единствени и обединети, на 29 Мај 2021 година (сабота) во Скопје по втор пат ќе организираат Семакедонски мирен протест под слоганот “ПРАВДА ЗА УСТВОБРАНИТЕЛИТЕ-СЛОБОДА ЗА МАКЕДОНИЈА! “Нашите барања за обновување на постапката со нови клучни докази и сведоци мора да биде прифатена, или ќе падне одлука за обновена постапка за политичките прогонувани патриоти, или ќе падне владата, протестите во една или друга форма ќе продолжат се до конечно остварување на целта .”

-стои во прогласот за организација на протестот.

Семакедонскиот протест започнува со собирање на учесниците пред Владата од 18:30 часот. Маршот од пред Владата тргнува во 19:30 часот, а оттаму ќе се движи по булевар “Даме Груев“, Булевар “Димитрие Чуповски“, Булевар “11 Октомври“, до Собранието на Македонија во 20:30 часот.
Семакедонскиот Народен протест пред Собранието ќе трае до 21:00 часот.
На Семакедонскиот протест ќе биде интонирана националната химна “Денес над Македонија“ и ќе се прочита Декларација со барања кои ќе бидат доставени до: Претседателот, Собранието и Владата на Република Македонија, Обединетите Нации, Советот на Европа, ЕУ, НАТО, ОБСЕ и странските амбасади и мисии во Република Македонија.Семакедонскиот протест ќе биде без бина и без говори.
Организаторите на Семакедонскиот протест ги канат сите Македонци по род и државјанство, сите политички партии и здруженија на граѓани на масовно учество, без партиски знамиња.Декларацијата од Семакедонскиот протест ќе биде отпечатена на летоци и поделена на учесниците.
Организаторите на Семакедонскиот протест апелираат до сите учесници да се придржуваат на протоколите за време на пандемија, носење маски и на пропишана дистанца, како и на почитување на неповредливоста на имотите и неприкосновеноста на животите. Организаторите се оградуваат од навредливи скандирања и транспаренти на етничка и верска основа.

-соопштуваат од организацијата на самиот протест. Организатори на семакедонскиот народен протест се Македонците во светот и Татковината

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace