БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ДИК: Увид во Избирачкиот список извршиле 53.972 граѓани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

До 14 март годинава кога и официјално е завршен увидот во Избирачкиот список (ИС) по повод претседателските и предвремените избори за градоначалници на општините Охрид, Ново Село и Дебар кои ќе се одржат на 21 април 2019, проверка на податоците извршиле 53.972 граѓани, за 517 е донесено решение за запишување во Избирачкиот список, за 412 е донесено решение за бришење, а промена на податоците во Списокот е направена за 129 лица.

Јавниот увид во Избирачкиот список се спроведуваше 20 дена, од 23 февруари годинава до 14 март 2019. Се реализира во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК и во 46 дополнителни канцеларии сместени во единиците на локалната самоуправа согласно Одлуката на Државната изборна комисја, во временски период од 09:00 до 19:00 часот, вклучувајќи ги и деновите од викенд, како и празниците.

Јавниот увид се спроведе на Избирачкиот список со состојба на податоците на граѓаните со наполнети 18 години живот со важечка лична карта или пасош на денот на гласањето (21 април 2019 година), умрени лица 30 дена пред распишувањето на изборите (9 јануари 2019 година) и други податоци од Избирачкиот список на денот на распишувањето на изборите (8 февруари 2019 година). Според ДИК, јавниот увид помина без никакви проблеми во редовна постапка согласно насоките и упатствата претходно дадени од страна на Државната изборна комисија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace