Во рамки на неговите програмски определби Градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски денеска ја извести јавноста во Македонска Каменица за текот на реализацијата на активностите за дополнително разубавување на градското подрачје со нови садници на дрвца. Градоначалникот Атанасовски соопшти дека е извршен приемот на новите 700 садници на декоративни зимзелени и листопадни дрвца кои што наредниот период ќе бидат засадени на јавни површини ширум Македонска Каменица.
Приматот за најзелен град во државата ќе има силна конкуренција во овој град на истокот на Македонија, имајки ги во предвид токму залагањата на самиот градоначалник за достигање на ваквиот епитет.
“
Набавивме околу 700 нови декоративни зимзелени и листопадни дрвни видови.
Од утре започнуваме со комплетно преуредување на јавните површини.
Македонска Каменица ќе биде најзелен град во Македонија.”
-соопшти Градоначалникот Атанасовски во врска со самата набавка.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево