БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Димчо Атанасовски: Спортот е сила што не обединува како граѓани да работиме во заеднички интерес на сите

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија Димчо Атанасовски изминатиот викенд беше дел од публиката на Меморијалниот турнир во чест на Перо Стојановски кој што како фудбалска легенда остави забележителна трага во историјата на Македонска Каменица.

“Со голема почит и емоции присуствувам на Меморијалниот турнир во чест на Перо Стојановски – наш сограѓанин, пријател и фудбалска легенда која остави длабока трага во спортската историја на нашиот град.

Перо Стојановски, нашиот Перица, беше човек со големо срце и силна љубов кон спортот. Со ваквите настани, неговото дело ќе продолжи да живее уште долго меѓу нас.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во оваа прилика, сакам од срце им се заблагодарам на Здружението на граѓани „Багери“ за трудот, посветеноста и искреноста во заедничка соработка со Општина Македонска Каменица.

Ваквите настани нè потсетуваат колку е важно да се чуваме, да се поддржуваме и да ги негуваме вистинските вредности во нашата Македонска Каменица.”

-напиша на социјалните мрежи Димчо Атанасовски во врска со овој настан.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace