БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Димитар Димовски: Нека симболот на Христовото раѓање ни биде водилка во животот и начин на однесување кон се и сите околу нас

Пренеси го гласот

Браќа и сестри по вера,

Денес, како вистински христијани – човекољубиви, простете им на оние кои ви згрешиле, подарете им љубов на најблиските, утешете ги тажните, помолете се за болните и сиромашните, спомнете си за оние кои веќе не се помеѓу вас, но и за оние кои од мака се низ туѓина, та не се со своите и оние кои неправедно лежат по затворите и мечтаат да бидат со семејството свое.

Денес, возобновете ја вербата во доброто, во слогата и разбирањето. Разбудете ја желбата за подобро утре, за поголема почит кон другиот, како и кон ближниот свој. Бидете тие што први ќе подадат рака, та да дојдеме до повторно сплотување помеѓу нас, народот, оти само така
– обединети и со искрени намери, можеме да бидеме добри луѓе и само така можеме да ја обновиме Македонија и да ја направиме честита и достоинствена, да и ја вратиме гордоста и благосостојбата.

Христовото раѓање е најсветлиот и најрадосниот празник во христијанството. Симбол на раѓањето на вербата, добрината и љубовта кон луѓето. Нека симболот на Христовото раѓање ни биде водилка во животот и начин на однесување кон се и сите околу нас.

Христос се роди!

Фејсбук статус на Димитар Димовски

Креирано од:


Пренеси го гласот