БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Димитар Узунски заслужено добива своја спомен соба

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пијанечкиот Цепенков, наставникот и фолклорист, играорец и раководител на Копачката, добитник на многу општински, регионални и државни награди Димитар Узунски добива своја Спомен соба во која ќе бидат сместени сите негови трудови, сите пишани, снимени и филмувани дела, сите негови награди и признанија… и многу повеќе.

„Соба на Димитар Узунски, за културното наследство на Пијанец“ е името на проектот кој што оваа година се реализира под покровителство на Министерстовто за култура и општина Делчево во функција на развој на руралниот туризам.

Отварањето на Собата на Димитар Узунски за јавноста ќе биде направено на 7 годишнината од прогласувањето на орото Копачка на листата на репрезентативни нематеријални културни наследства под заштита на УНЕСКО на 27.11.2021 година во селото Тработивиште.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“ДИМИТАР УЗУНСКИ ОД АМБИЦИОЗЕН УЧИТЕЛ, ПА ВЉУБЕНИК ВО ПИЈАНЕЧКИОТ ФОЛКЛОР, ДО РЕАЛИЗИРАН НАРОДЕН УМЕТНИК. Годинава го реализираме проектот „Соба на Димитар Узунски, за културното наследство на Пијанец“, сибвенциониран од страна на Министерството за култура, поддржан од Општина Делчево, во делот на туристичките знаци. Предвидуваме отварање и промоција на 27.11.2021 на денот на 7 годишнината на орото Копачката во УНЕСКО,”
-напиша на фејсбук г-ѓа Перса Стојановска.

Во прродолжение пренесуваме неколку значајни интернет врски поврзани со животот и делото на Димитар Узунски:

Димитар Узунски-Раководител на Копачката, добитник на наградата 23-ти Октомври

На Димитар Узунски-носител на државна награда “23-ти Октомври” на Република Македонија

Промотивно видео изработено за потребите на претставување на Димитар Узунски пред членовите на ЗНМ на Источниот (Брегалнички) регион

Видео од церемонијата за доделување на Државната награда “23-ти Октомври” доделена од Собранието на Република Македонија во 2014 година.

Извор: Дестинација Делчево

Креирано од:


Пренеси го гласот