БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Директорите на училиштата во Штип и пошироко поставени од власта не го почитуваат Законот за наставници кој го донесе оваа власт

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет во Штип Весна Ничева денеска во јавност обелодени нов противзаконски скандал во кој се инволвирани директори на училишта како во Штип така и пошироко.

Имено според Ничева станува збор за прекршување на Член 12 од Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта во постапки за избор на нови наставници и стручни соработници во училиштата во Штип.

Во продолжение во целост го пренесуваме текстот на прес конференцијата на Весна Ничево од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Штип:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Предизборна паника владее во СДСМ, а истата очигледно ги води во слепа улица и незаконско работење.

Доказ за тоа е следново…

Во декември 2019 година основните и средните училишта во Штип и регионот распишаа јавни огласи за пополнување на испразнети места со наставници, на определено време до 31.08.2020 година. При изборот на кандидати за наведените огласи, согласно член 10 став 3 од Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, донесен од актуелната Влада, се предвидува кога на јавниот оглас ќе се јават повеќе кандидати предност имаат оние, кои имаат повисок степен на соодветно високо образование и ПОВИСОК ПРОСЕК во текот на додипломските студии. Согласно член 12 од истиот закон, Директорите на училиштата мора да се придржуваат до ова, односно предност да му дадат на кандидатот со повисок просек. Она што е логично, а во случајот и јасно утврдено со закон, не се почитува од страна на некој од директорите на училиштата во Штип па и пошироко. Имено, истите изборот го прават врз основа на лично убедување и партиска припадност, кое е сосема спротивно од законот.

За овие нерегуларности во работата е пријавено до Државниот просветен инспекторат, кој ги има утврдено неправилностите и за истите има издадено Решение. Сепак, ароганцијата оди до таму што некој од директорите продолжуваат да го игнорираат прекршувањето.

Ги повикуваме Државниот просветен инспекторат да ја продолжи постапката и да покрене соодветни прекршочни пријави за непочитување на законските одредби. Во спротивно соодветни пријави ќе бидат поднесени против сите учесници, директни и индиректни кои го кршат законот.”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace