БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дали алармантната состојбата со водните ресурси на земјата, ќе предизвика дестабилизација на земјата?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Дополнителниот заменик министер за земјоделие шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска со свое соопштение во јавноста алармираше за неповолната состојба со акумулациите и вештачките езера со нивото на акумулирана вода која е на ниско ниво.

Замјоделието како гранка која прроизведува храна за населението е директно зависна од домаќинското работење и управуивање со овие значајни капацитети, што во директна линија се одразува на животниот стандард на граѓаните и социјалниот мир во државата.

Дополнително преку ваквата неповолна состојба со акумулациите во државата негативно се влијае врз БДП и извозот на државата, што само по себе покренува лавина на негативни влијанија за Македонската економија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Цветан Трипуновски во врска со овој проблем ја алармира јавноста да биде подготвена за ваквата неповолна можност со која може да се судрат земјоделците во своето соопштение во продолжение:

“Ова позади мене е една од сликите во Република Македонија за негрижата на водните ресурси во државата.

Ова ситуација со прилепското езеро е идентична со онаа којашто е во акумулацијата Калиманци и Тивешкото езеро е на долен минимум, речиси нема акумулација која не е испразнета од тоа недомаќинско работење кое што го имаше акционерското водостопанско претпријатие и Министерството за земјоделство.

Од она што можам да го видам позади мене езерото е речиси празно, а за неколку месеци од сега започнува наводнувањето, и не само во Прилеп туку во цела Република Македонија без вода нема да имаме земјоделско производство. Едноставно ќе имаме десеткувано производство што ќе значи и намалено производство на земјоделски производи, и намален извоз на земјоделски производи и на крај ќе биде доведена во прашање егзистенцијата на земјоделците во Република Македонија.”

Слична е состојбата со речиси сите акумулации во државата чија што вода се користи за земјоделски потреби но и оние кои што произведуваат електрична енергија. Овој факт предизвикува дополнителни загуби за државата и доколку состојбата не се подобри ќе се рефлектира на цената на електричната состојба.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace