Во годинешната програма за инвестиции во културата објавена од страна на Министерството за култура на Република Македонија предвидени се 120 милиони денари за изградба на нов театар и библиотека во Тетово, додека за 11-те општини од цел Источен плански (Брегалнички) регион се предвидени само 500 000 денари за реконструкцијата на Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци.
Не е јасно дали ваквиот потценувачки однос и нерамномерната распределба на финансиски сретства од страна на Централниот Буџет на Владата и Министерството за култура се должи на политиките на Владата или неспособноста на менаџментот на културните институции во Брегалничкиот регион за да се наметнат со квалитетни проекти за инвестиции кај Министерството.
Од останатите општини во државата 51 милион денари се обезбедени за изградба на театар во Струмица, 10 милиони денари за реконструкција на објект во Гостивар, 5 милиони денари за објект во Куманово, 2 милиони денари за адаптација на простор за галерија во Кичево, 3 милиони за објект во Велес и 3 милиони денари за објект во Прилеп




СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево