БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Четири актуелни катрени од Васил Маневски

Пренеси го гласот

НОВА БОЛЕСТ

Се појавила некоја нова болест.
Некаков коњски или кинески грип,
Доктори наши, имате ли доблест,
Кажете опасен ли е и кој е тип?

П О Н И Ж Е Н И

Една мисла постојано ме мачи
Како ќе се реши големиот спор
Дали Европа ќе ни даде задачи
Понижени, да не изустиме збор.

ЗГОЛЕМЕНИ ПЕНЗИИ

По седумстотини дваесет и два денари
Ќе добие секој македонски пензионер.
Има реакција дека се малку тие пари.
И дилема дали пред избори тоа е фер?

Б У М Е Р А Н Г

Министерката и владата сосема откачија!
Со парите што пред години ни ги украдоа,
Сега, пред изборите, пензиите ги покачија,
Немаат ни срам, како од свој џеб да дадоа.

Пишува: Васил Маневски

Креирано од:


Пренеси го гласот