Соопштение ов Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Македонска Каменица:
Директорката на ОУ во М.Каменица испровоцирана од фејсбук објавата за нејзиниот трансфер од една во друга партија реши да му се реваншира на претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ кој е наставник по музичко во нејзиното училиште. Канцеларијата во која претседателот на ОК и други наставници доручкуваат од денес е заклучена па наставниците денеска доручкуваа на школските клупи, а два дена по ред учениците следат настава во кабинетот по музичко во услови прикажани на сликите. Директорката на ОУ ја злоупотребила својата функција со тоа што ја користи својата позиција на власт политички да се реваншира и пресметува со наставник кој доаѓа од нејзината поранешна партија и тоа на штета на учениците и условите во кои тие ја следат наставата. Затоа ОК на ВМРО-ДПМНЕ М.Каменица бара неотповиклива оставка од директорката на ОУ во М.Каменица и поставување на нов директор кој ќе ги третира сите вработени во училиштето на еднаков начин. Па нели живееме во едно општество за сите?


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево