Директорката на Универзитетската клиника за дерматологија примариус д-р Нина Цаца Биљановска била две недели на скијање во Италија, во престижниот скијачки центар Алта Бадија каде што се одржуваат натпревари во алпско скијање во Светскиот куп.
Таа е четвртиот пациент со коронавирус во Македонија и од денеска се наоѓа на Инфективната клиника во Скопје, со лесна клиничка слика.
Инаку таа е сестра на судијката Маргарита Цаца Николовска.
Денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конфренција изјави дека е разочаран од нејзиното однесување.
Таа во саботата одржала и предавање на стотина колеги кои учествувале на стручното предавање на тема „Дермоскопија немеланомски карциноми на кожа“ во ресторанот „Рагуса 360“ во Скопје. Меѓу нив имало и странци.
Лекарката на работа била веќе една недела. Клиниката за дерматологија во Скопје е целосно затворена, целиот медицински персонал е веќе во изолација, се вршат тестирања, пациентите кои можат да го продолжат домашното лекување се дома, а оние кои не можат, се префрлаат во други здравствени установи.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Мицкоски во однос на обвинувањата на Блерим Беџети од ДУИ: секој има право на презумција на невиност
За 32% е зголемен бројот на патувања на скопскиот и охридскиот аеродром во споредба со минатата година
МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани