БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Директорот на ЈП “Стипион” Штип Игор Ефтимов поднесе оставка на функцијата од лични причини

Пренеси го гласот

После година време откако ја превзеде функцијата Директор на Јавното Претпријатие “Стипион” Штип, Игор Ефтимов во јавноста соопшти дека си поднесува оставка од лични причини.

Во времето на Ефтимов ЈП “Стипион” Штип доживеа целосна финансиска трансформација и од загубар во 2021 година кога имало загуба од над 10 милиони денари со претходното раководство од СДСМ, за во првите три квартали вп 2022 година во неговиот мандат претпријатието да работи со добивка од над 10 милиони денари со реализација на огромен број на проекти за граѓаните на Штип.

📌 Почитувани пријатели,

Поради бројните шпекулации кои се шират во јавноста, сакам да ви соопштам дека ќе поднесам оставка од функцијата Директор на ЈП Стипион.

Оваа оставка ќе ја поднесам единствено од лични причини‼️

Инаку сакам да потенцирам дека ЈП Стипион го напуштам со резултати на кои можам да бидам само горд , односно за само една година успеавме заедно со вработените на ЈП Стипион ( на кои им се заблагодарувам од срце за посветеноста и поддршката која ја имав од нив) ова јавно претпријатие да го подигнеме од АМБИСОТ во кој се наоѓаше и да направиме еден куп проекти кои се видливи од страна на народот ( повеќе од 14 игралишта , тротоари, пристапни улици , скалила, потпорни ѕидови исл ).

Успеавме и за само една година претпријатието финансиски да го направиме стабилно и силно:

– 2021 година ЈП Стипион имаше загуба од 10 милиони денари со дополнителни приходи од 6,5 милиони денари од уличното осветлување.

– 2022 година за само 3 квартали односно 9 месеци ЈП Стипион бележи реална добивка од 10 милиони денари ( без ниту еден денар од уличното осветлување)

Мојата партиска активност останува и понатаму односно сеуште сум Заменик претседател на ВМРО ДПМНЕ ОК Штип и ќе работиме за конечно да ја победиме оваа ненародна власт на чело со НЕ ИЗБРАНИОТ премиер.

-соопшти во фејсбук статус Игор Ефтимов- Директор на ЈП “Стипион” Штип

Креирано од:


Пренеси го гласот