Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

Советниците од СДСМ и НСДП гласаа против обезбедување на пари за сервисирање на долговите на претходниот градоначалник на Виница

Пренеси го гласот

“ОПОЗИЦИОНИТЕ СОВЕТНИЦИ(ОВОЈ ПАТ БЕЗ СОВЕТНИКОТ ОД ЛДП) ПРОДОЛЖУВААТ СО ОПСТРУКЦИИТЕ И ДЕЈСТВУВАЊЕТО СПРОТИВНО НА ИНТЕРЕСИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ И СПРОТИВНО НА ИНТЕРЕСИТЕ НА ОПШТИНА ВИНИЦА

На последната седница на Советот на Општина Виница советниците на СДСМ Виница и советникот од НСДП гласаа против структурната обврзница со која ќе се сервисираат обрвски од над 6 милиони денари кои ги направил, а не ги исплатил токму поранешниот градоначалник од СДСМ, Ивица Димитров.

Смешното образложение врз основа на кое „аргументирано“ гласаа против е дека Општина Виница дополнително ќе била задолжена, што е класична сдсмовска манипулација бидејќи структурната обврзница НЕ претставува задолжување на општината, туку само начин на сервисирање на НАСЛЕДЕНИТЕ обврски.

Советниците на СДС и советникот на НСДП гласаа против да се исплати:
-Над 2,5 милиони денари обврски(на поранешниот градоначалник) кон ЈП Солидарност, со што ќе се помогне финансиски работењето на ЈП;
-Заостанати советнички паушали кон поранешните советници;
-Расходи за репрезантации на поранешниот градоначалник…”

-соопштение н ВМРО-ДПМНЕ ОК Виница упатено преку фејсбук.

Креирано од:


Пренеси го гласот