Во текот на вчерашниот ден вработени од Јавното претпријатие “Стипион” Штип работеа на повеќе локации во градот и приградските населби во функција на воспоставување на нова функционална комунална инфраструктура. Станува збор за следните локации:
“
Работа на паднат потпорен ѕид и изведба на дренажа на улица Ванчо Китанов
Работа на оградата на спортското игралиште во Чардаклија
Завршен потпорен ѕид во централното градско подрачје ( позади хотел Гарни )
Редење на коцка на пешачки патеки во паркот населбата Дуизлак
Проширување на место за вртење на возила на крајот на слепа улица ( ул. Кочанска )
Продолживме со ноќното обележување на сообраќајната сигнализација”
-соопштија од ЈП “Стипион” Штип.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево