Министерката за одбрана на Република Македонија Славјанка Петровска јавно побара од опозициската ВМРО-ДПМНЕ да ги признае успесите на армијата.
На ваквата нејзина квалификација одговори пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки:
“Почитувана Министерке за одбрана, г-ѓо Славјанка Петровска:
АРМ била, Е и треба да остане гарант на мирот и стабилноста на државата, но под Ваше и раководство на Вашата претходничка ја деградиравте институцијата со најголема доверба кај граѓаните.
Кој тоа нема доблест да признае успеси на АРМ?
Па не да е за честитање, туку е и за пофалба начинот на кој што војниците и старешините се справуваат со состојбите во кои вие и вашата претходничка ја фрливте АРМ.
Дали не се срамите со тоа што нашите старешини сами купуваат хартија и тонери за печатење? Тоа ли е за честитање?
Дали не се срамите од постапки со ликови како Темелко Ристевски на кого му исплативте 10.000 евра за да ви пишува фејсбук-статуси за СДСМ?
И за Темелко ли да ви честитаме?
Испративте осудено лице на мисија во Либан!!! Тоа ли да ви го честитаме?
Со кој тоа образ се обраќате на јавноста и вашата неспособност ја криете позади редовните активности на АРМ?
Го блокирате Законот за АРМ и не дозволувате тие што ги исфрливте од формација, цели 20 месеци да се непоставени, да не можат да заминат во пензија и на тој начин ја кочите трансформацијата на АРМ.
Зошто не дозволите војниците да си ги земат ветените 1000 евра?
Министерке, испративте војници на мисија во БиХ без одлука на Собрание!!!
Тоа ли да ви го честитаме?
Или да ви честитаме тоа што секој месец парично наградувате едни исти ваши партиски членови?
Да не треба да ви честитаме и за дискриминацијата која ја правите во АРМ? И за тоа ли не сте слушнале исто како што немавте слушнато дека за војската нема превоз од Скопје до Велес?
Имам уште милион други прашања за кои сте директно одговорни. Не ја инволвирајте АРМ, туку погрижете се припадниците да го добијат заслуженото!
Молчете и не се појавувајте на темата!”
-напиша пратеникот Драган Ковачки на фејсбук.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Kрис Павловски донираше еден милион денари за семејствата и настраданите
Тошковски: Секој еден којшто допринел за оваа ужасна трагедија којашто и се случи на Македонија ќе одговара, нема да е како досега во случаите
СОЗР ќе обезбеди превоз и сместување за семејствата на лицата кои се лекуваат во странство