БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Добро утро Македонијо-Замјо на прогонети и обвинети новинари!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Наместо на распит да биде повикан Зоран Заев, Радмила Шекеринска и останатите споменати политичари во исказите на сведоците, односно пријавителите за случајот „Рекет“, обвинителството ќе го гони гласникот. Не дека тоа значително не зачудува, имајќи во предвид дека во Македонија се соочуваме со диктатура од Севернокорејски размери, но тоа што ниту едно еснафско здружение со исклучок на МАН не застана во одбрана на слободата на говорот зачудува. Зачудуваат и странските претставници во земјава кои до 2016 година беа исклучително гласни во наводната одбрана на слободата на говорот. Нејсе, борбата ќе ја водиме до крај….

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Оддавање службена тајна од член 360 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 23 август, преку интернет порталот www.infomax.mk на јавноста им ги сторил достапни податоците што претставуваат службена тајна. Имено, тој ја објавил првата страница од записник за примање кривична пријава од едно лице заведен во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Обвинителството го поднесе обвинението до Основниот кривичен суд Скопје откако по објавата на записникот на споменатиот интернет портал беа направени потребните проверки и беа обезбедени материјалните докази за наведеното кривично дело, согласно Законот за кривична постапка.

Во поглед на околностите на кој начин овој записник е излезен од списите на предметот и како е предаден на обвинетиот новинар за да биде објавен, обвинителството ќе поведе кривична постапка доколку утврди кое лице го предало и за тоа обезбеди докази.

Пазете, „обвинетиот новинар“…има ли дефиниција која погласно зборува за диктатура?!

Текстот е превземен од Инфовести

Креирано од:


Пренеси го гласот