БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Додека владетелот Зоран Заев Први примаше награда во Германија од земјава младите заминуваат со полни автобуси

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Берово, Делчево, Македонска Каменица, Пехчево, Виница , покрај Тетово, Кичево, Гостивар се неколку од општините на црната листа на белата чума на исселување на жителите поради актуелните општи состојби во државата.

И додека жителите на овие и многу други општини ширум Македонија ги напуштат своите родни огништа и својата егзистенција ја бараат по белиот свет, Премиерот Зоран Заев во Германија заедно со неговиот поранешен колега Ципрас примаше некаква награда која нема никакво значење за самите граѓамни.

“Буквално вчера кога ја примаше наградата на Вестфалија за некаков постигнат успех со Преспанскиот договор (ако предавството го смета за успех, добро, ние не), кажа дека обезбедил иднина за младите во Македонија. Демантот стигна веднаш, со слики, документирано.
Иднината ете ја, му оди пред очи. Се иселуваат младите од Тетово, исто се иселуваат и од Берово, од Струга и Македонска Каменица, Делчево и Кичево, се иселуваат Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, се иселуваат сите кои поради неспособноста на Зоран Заев и СДС не можат да го поминат месецот овде.
Иднината на младите е надвор од Македонија, за жал, а ветуваа дека ќе ги вратат и ќе си ги земат кондурите од пред влада.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Најнеспособниот лидер во историјата на било која држава на Македонија ѝ се случува токму сега, дали е ова казна или лекција што треба да ја научиме – не знам, но знам дека ја направи држава на пензионери и оние неколкуте кои се двоумат дали да си отидат, но се во план или спремаат документи за секој случај.
Македонија повеќе не смее да губи, македонскиот и сиот народ кој живее во неа има историска шанса да му даде шут-карта на Заев и СДС и заедно да ја направиме оваа држава едно поубаво место на живеење.”

-напиша пратникот Јован Јаулески на фејсбук во врска со овој проблем.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace