БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Челистката Тина Џуо која ја популаризираше класичната музика во светски рамки издаде нов албум

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Виртуозната светска челистка Тона Џуо го објави својот најнов музички албум насловен како “Dies Irae” во продукција на Sony Music Masterworks. Во прилог на нејзиниот албум таа го објави и видеото за песната “Moonhearts In Space” на која гостува еден од најпознатите светски вокали, музичар, продуцент, текстописец и политички активист Серџ Танкиона од светски познатиот бенд SYSTEM OF A DOWN.

Во врска со издавањето на албумот Тина Џуо соопшти во јавноста:

“Многу сум возбудена за објавата на албумот “Dies Irae” по негово тригодишно подготвување и за споделувањето на песната  ‘Moonhearts In Space’ со видеото со јавноста. Толку многу години сум огромен обожавател на Серџ, што нашата заедничка соработка беше своевидно остварување на моите сониште. Огромна благодарност за сите штом одвоија време да да слушнат и да го видат видеото, како и за поддршката и позитивните реакции во текот на годините наназад кои беа неверојатен благослов на што сум благодарна на сите”.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Фротменот на SYSTEM OF A DOWN . за соработката со Тина изјави:

“Навистина уживав да работам со Тина на Moonhearts In Space’ . Нејзината способност за да го земе класичното и да го уништи со рок и метал е навистина за уживање. Во време кога патуваме во вселената, императив е да ја сватиме намерата со која патуваме навнатре или надвор. ”

Тина Џуо е актуелна по соработката со бендот Сабатон на нивното последно видео “Steel Commanders”, а во светски рамки е позната по огромниот број саундтрак изданија за филмски хитови како и компјутерски игри.

Музиката на Тина Џуо е застапена на саундтракот на филмовите  “Wonder Woman”“The Lion King”“Inception”“Dunkirk”“Pirates Of The Caribbean 5”“X-Men Dark Phoenix”“Iron Man 2”“Cyberpunk 2077”, електронските игри  “Call Of Duty: Black Ops 2, 3, & 4”“League Of Legends“Assassin’s Creed Syndicate”, како и ТВ сериите “CSI: NY”“The Vikings”, како и на претстојниот холивудски блокбастер “Dune”.

Тина Џуо ја популаризираше класичната музика во светски меинстрим граници како челист, композитор, уметник и изведувач. Таа за нејзината музичка работа е номинирана за престижната Греми награда како и Брит женски уметник на годината.

На сцена ги има придружувано композиторот Ханс Цимер, Стивен Тајлер, Скрилекс, Џо Бонамаса, Фу Фајтерс, Ал Ди Меоила како и Карлос Сантана. Нејзините изведби рушат рекорди во гледаност на Јутјуб и Спотифај.

Во продолжение погледнете го видео записот за песната ” Moonhearts In Space” во соработка со Серџ Танкиан:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace