БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Маријан Миленковски: Заедно со граѓаните ќе ја вратиме светлоста во Пробиштип

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните Локални избори во Пробиштип Маријан Миленковски во интервју за порталот КУРИР зборува за мотивите за неговата кандидатира што како лекар сака својата професионална окупација-лекарската да ја замени со нова- градоначалничката.

Миленковски како главен проблем на актуелната локална власт на СДСМ во Пробишти го идентификува недостатокот на инвестиции во општина Пробиштип кои застанаа на нивото на претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

“Економски силна општина е клучна за развој на животниот стандард. Главна цел за економски развој ќе ни биде општината да ја претвориме во атрактивно место за домашните и странските инвестиции(нови индустриски зони и нивна постојана промоција). Впрочем тоа и го покажавме на дело со изградбата и заживувањето на индустриските зони и целосната инфраструктура во нив. Покажавме дека тоа не е само парче хартија и парче земја, туку реален простор за развој на стопанството. За разлика од тогашниот економскиот развој и трите нови индустриски зони, кои беа оставени во наследство од локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, сегашната локална власт успеа да „издејствува“ само еден мал објект, се разбира за марихуана, но и тој никако да проработи!
Нула нови индустриски зони. Нула нови инвестиции! Е тоа е главниот проблем во сегашноста!”

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-вели Милленковски во одговор на прашањето за тоа што тој лично како нов градоначалник на Пробиштип ќе направи на економски план за неговите сограѓани.

Целото интервју на Д-р Маријан Миленковски може да го прочитате на порталот КУРИР тука.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace