Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот голем христијански празник Успение на Пресвета Богородица беше помеѓу жителите на Берово, каде масовно се одбележува овој празник.
Од центарот на Малешевијата Мицкоски упати и честитки по повод денот на рударите кои со својата секојдневна напорна работа ја крепат Македонската економија.
“Ќе ми дозволите најпрви да го честитам големиот православен христијански празник Пресвета Богородица, на православните христијани, да посакам здравје, среќа успех за нив и на сите граѓани во Македонија, без разлика на вероисповеста. Денеска е голем ден за православните христијани и очекувам она кое што како порака ќе пристигне од храмовите, но и од политичарите да биде порака на обединување, а не порака на поделби, порака на надеж, а не порака на разочарување како што за жал е денешното секојдневие.
-Ова се моменти кога навистина сите треба да се надминеме себе си, да ги надминеме нашите разлики без разлика дали се тоа политички или човечки, да си подадеме рака еден на друг и еден на друг да бидеме пријател. Јас сум тука во Берово, потоа продолжувам во Пробиштип, продолжувам и во Крива Паланка. Ја користам оваа прилика да го честитам и денот на рударите, на оние кои секојдневно се во рударските окна кои што се борат да ги прехранат своите семејства. Додадената вредност која што ја генерираат во економијата во Македонија е практично да овозможат подобар живот за сите граѓани во Македонија.
-рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Берово, по што одговараше на повеќе новинарски прашања во врска со повеќе актуелни дневнополитички теми.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот