БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Развојот на една општина не е можен без поддршката на сите нејзини граѓани за општото добро на општината.

Киро Стојковски е еден од граѓаните со потекло од Виница кој што за потребите на ЈП “Солидарност” донираше неопходна опрема која вработените на претпријатието ќе ја користат во рамки на нивната работа.

Од ЈП “Солиданост” упатија јавна благодарност за ваквиот гест на нивниот сограѓанин кој што живее и работи во Швајцарија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“ЈП „Солидарност“ Виница изминатиот викенд доби Донација од нашиот сограѓанин Киро Стојковски кој живее и работи во градот Волен, Швајцарија. Донацијата се состои во две машинки на струја и опрема за одзатнување на канализациона мрежа, како и 20 шипки за нашата постоечка машина која ја користевме досега. Донацијата ја прими на лице место ВД Директорот на ЈП – Игор Спасовски и истата ја транспортираше до Виница. Сакаме да изразиме голема благодарност до донаторот, г-дин Киро Стојковски и да ги охрабриме сите наши сограѓани кои се на работа во странство доколку се во можност да донираат било каков вид на опрема која е од делокругот на работа на ЈП „Солидарност“ Виница”

-информираа надлежните во ЈП “Солидарност” Виница

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace