Мотоциклистот од Италија, Андреа Довичиозо победи на денешната трка што се возеше на патеката Сепанг за Големата награда на Малезија.
Победникот на денешната трка Довициозо до триумфот стигна откако на пет кругови до крајот го мина клупскиот колега Хорхе Лоренцо. Ова за него е втора последователна трка на патеката Сепанг, шеста победа сезонава и 17-та во кариерата.
Место на победничкиот пиедестал како третопласиран обезбеди и Жоан Зарко.
Лидерот во генералниот пласман и најголем кандидат за шампионската титула Марк Маркес тешко се снајде на влажната патека и се пласира на четвртото место. За да ја освои шампионската титула Маркес, потребно е на последната трка за две недели во Валенсија да биде пласиран до 11.то место.
Генерален пласман: Маркес 282 бода, Довичиозо 261, Маверик Вињалес 226, Себастијано Роси 197.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот