БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Драган Ковачки: 4-ца министри во владата на Заев се со поддршка од граѓаните во рамки на статистичка грешка

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

“На последната анкета на републиканскиот институт ИРИ, на прашањето: Кој министер од владата на Заев си ја врши најдобро работата, анкетираните граѓани одговориле вака:

Првиот соработник на Зоран Заев и доскорешен министер за земјоделие, а сега вице-премиер за борба со корупцијата, воедно Генсек на партијата и Шеф на изборен штаб на СДСМ – Љупчо Николовски има рејтинг од 1% (еден процент).

Доскорешниот заменик претседател на Заев и се’ уште актуелен Министер за одбрана – Радмила Шекеринска, во месец март, исто така има рејтинг од 1% (еден процент).

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Доскорешниот Министер за труд и социјала, па вице-премиер за економија, а сега и министер за образование, Мила Царовска, во месец март исто така има рејтинг од 1% (еден процент).

Оливер Спасовски во март годинава имал рејтинг од 4% (четири проценти).

Бројките кажуваат се’. Значи на 100 испитаници, само 1 (еден) е позитивно расположен кон горенаведените. Ова со народен речник се нарекува статистичка грешка.

Овие поразителни рејтинзи се уште помали ако се земе во предвид дека пресекот на рејтингот е во месец март, а од март до денеска овие функционери ги тресеа и скандалите:

во МВР:
– со издавањето на пасоши за нарко босовите и терористите на ИСИС,
– апсењето (со помош на ДЕА) на полициските началници вклучени во нарко бизнис,
– неспособноста да се обезбедат обрасци за пасоши, регистрации итн…
– прием на лица како полицајци, а кои не ги поминале безбедносните проверки

во Одбрана:
– набавката и употребата на таканаречениот мазут односно прегорено канцерогено уље за потребите на Министерство за одбрана (за кое се’ уште нема никаков одговор),
– партиската чистка и позиционирање на кадри кои треба да им одработат за изборите,
– дискриминацијата на старешините во однос на војниците и одбивањето да проблемите законски се решат подеднакво за сите,

Во Образование:
– ескалација на проблемите со тнр. дигитализација,
– бришењето на историјата како предмет,
– немањето на свидетелства за учениците.

Г-не Зоран Заев, вашите министри се во категорија на статистичка грешка.
На толку “многу успеси” со кои се гордеете секојдневно, клучните министри да Ви се со рејтинг на статистичка грешка е показател дека нешто не штима, не?

Народот повеќе не Ви верува, се виде Вашето за што било и за што Ве донесоа.
Нудевте живот, а ја донесовте Македонија во ќор-сокак (!).

Петта година Вие и Вашите министри ја раскрчмувате државата како да е Ваша своина, ги рушите темелите на македонската држава и секојдневно газите на достоинството на Македонците притоа смеејќи им се во лице.

Прочитана книга се и неспособноста, неодговорноста и самобендисаноста на функционерите на СДСМ.

Многу брзо доаѓа одлучувачкиот ден кога истите ќе бидат испратени во политичка пензија и веднаш потоа на клупата за одговорност.

Македонските граѓани во октомври годинава имаат шанса да ја исправат грешката за која несомнено со право се каат.

Македонија ќе мора да избере лица со знаење и кредибилитет, а не лица кои не знаат каде тераат, полни со ароганција и со рејтинг во доменот на статистичката грешка.

#Промени
#МакедонијаЗаСитеЛуѓе

-фејсбук статус на Драган Ковачки- член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace