БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Драган Ковачки: Дали е време за обвинителката Русковска да биде повикана на информативен разговор?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По објавувањето на скандалозните аудио разговори во јавност на кои се слушаат индиции за рекет на големи суми на пари, со свој став во јавноста синоќа излезе Драган Ковачки.

Тој упати прашања во јавност на кои смета дека граѓаните имаат право да го знаат одговорот а се однесуваат на работата на јавната обвинителка Вилма Русковска.

Во продолжение го пренесуваме интегрално текстот на реакцијата на Драган Ковачки во врска со оваа проблематика:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Денешните објавени снимени материјали во кои се посочува на директна замешаност на највисоките структури на власта во изнуда односно рекетирање од 6 милиони евра уште еднаш докажуваат дека во Република Македонија синонимот на правдата е скапан.

Обвинителката Русковска вели дека ги имала во предвид овие снимки во текот на судењето.

Само неколку логични прашања до обвинителката:
Во кое својство г-динот Димишков преговара/договара и со кое лице или лица тој ќе разговарал за да ја намали сумата од 6 милиони евра?
Кој е тој што забегал со побарувањето?
Дали и што превземала обвинителката во врска со тоа?
Значи не е прашањето дали, туку кого штити обвинителката.

Простете ми, но скапан е системот на обвинителство, скапан е судскиот систем, скапана е правдата!

Дали е време за обвинителката Русковска да биде повикана на информативен разговор?”

-напиша Ковачки на фејсбук.

https://www.facebook.com/110023243955142/posts/153143552976444/

Креирано од:


Пренеси го гласот