БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Драган Ковачки со свое видување за назначувањето на Фрчовски за амбасадор во Њујорк

Пренеси го гласот

“Пролет 2019 – Пендаровски на предизборните собири за лаги и манипулации на македонските граѓани, тврди дека во неговиот мандат немало шанси да потпишел Указ за човек без искуство и интегритет и без партиска книшка. Но, на 2 март 2022 (вчера) – Стево Пендаровски потпишал Указ за Фрчковски за Њујорк.

Стево Пендаровски без почитување на процедурата, односно без претставување на неговиот и кандидатот на Заев пред пратениците во Собранието, си потпишал Указ за лице за кое имаше обвинување од поранешниот претседател на Собранието – Андов, дека е замешано во атентатот на поранешниот претседател на МК – Глигоров. Никој не ги истражи овие обвинувања, небаре станува збор за обвинувања дадени од некој случаен граѓанин.

Стево Пендаровски потпишал Указ за неуспешниот кандидат за Претседател на МК – Фрчковски, кој е главен креатор и советник на сите досегашни Уставни промени.Фрчковски е творецот на растот на партиското одмаздољубие со познатата: “нека тужи на Суд, додека се заврши судскиот процес, ние работата сме ја завршиле”.

Згора на тоа, воден од желбата за медиумска сеприсутност, додека беше министер за внатрешни работи, поголемиот дел од акциите на Полицијата биле пробивани од негова страна на новинарите уште пред истите да се случат. На крај, истово лице беше предлог на Заев за амбасадор во САД – во Вашингтон, но таму од познати причини не го примија, за да сега Стево Пендаровски го праќа во Њујорк во Обединетите Нации, затоа што за таму не требала согласност. Ова е понижување и на земјата во која го испраќаме, оти таа претходно не дала согласност за Вашингтон. И сега доаѓаме до клучното прашање: Што може да очекува Македонија од овој лик, односно како ќе ја претставува државата, ќе ја брука ли (како што вика Пендаровски за претходните амбасадори), или ќе се гордееме со него?

Мене одговорот ми е јасен.Стево Пендаровски со овој потег, уште еднаш докажа дека функцијата Претседател ја врши недостоинствено и е воден исклучиво од партиски интереси.

Толку е неодговорен во постапките како Претседател и е подложен на влијанија, што мислам дека треба да се постави прашањето: во чиј интерес работи овој човек?

#Штетници

-интегрален текст на пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот