Денеска во Владата Премиерот Димитар Ковачевски оствари работна средба со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија , Џанг Ѕуо.
На средбата Ковачевски ја истакнал позицијата на Владата во однос на прашањата поврани со војната во Украина.
“Ми беше чест да се сретнам со кинескиот амбасадор во Северна Македонија, Џанг Ѕуо.
Кина и Северна Македонија имаат традиционално пријателски односи, а постојат повеќе различни области за соработка кои можат да придонесат кон унапредување на соработката.
На средбата со амбасадорот Ѕуо ја повторив позицијата на Северна Македонија која е во линија со нашите партнери и сојузници НАТО, САД и ЕУ и најостро ја осудив руската инвазија на Украина.Северна Македонија е држава членка на НАТО, со аспирации за членство во Европската Унија и продолжува да се развива во таа насока.”
-соопшти Димитар Ковачевски на фејсбук.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!