Драган Ковачки кој беше под реден број 11 на кандидатската листа за пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија во третата изборна единица синоќа се обрати во јавноста преку социјалните мрежи во врска со изборниот циклус кој што е зад нас.
Тој во своето писмено соопштение се заблагодари на граѓаните кои што го остварија своето гласачко право на 15 јули.
Во продолжение во целост го пренесуваме обраќањето на Драган Ковачки:
“Ценети граѓани,
Сакам да ви се заблагодарам на сите кои го дадоа својот глас за коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, но им благодарам и на тие што го дадоа својот глас и за другите партии.
Јасно е дека политиката го има доведено поголемиот дел од македонскиот народ и бизнис во позиција на зависност. Значи, покрај тоа што за вашиот глас одлучуваа програмите и визиите на партиите, имаше и друг вид на понуда кај дел од гласачите што беше пресуден. И таа понуда беше незаконска и бара сериозна истрага и одговорност. Потеклото на парите мора да се знае од каде е за да знаеме кој стои позади оваа операција на масовна кражба на гласови.
Од новиот парламентарен состав очекувам да биде во функција на сите граѓани и да се обиде да ги намали тензиите помеѓу македонскиот народ. Мислам дека има премногу “зла крв” и тоа не е добро ниту за државата ниту за нацијата. Тоа ви е должност како претставници на народот.
За мене како личност борбата за подобра и достоинствена Македонија тука не застанува. Ние Македонците немаме резервна татковина и сме должни да се вложиме во нејзино зачувување и изградба во модерна европска држава во која владеат правото, законите и сите граѓани се еднакви пред институциите, а местото на криминалците им е во затвор.
Им благодарам на сите кои беа вклучени во поддршка на кампањата за обнова на Македонија, посебно на Општинскиот изборен штаб, Унијата на Жени и на младите од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Како до сега, така и од сега, останувам достапен за сите вас. За моите понатамошни чекори ќе ве информирам преку социјалните мрежи.
Да сте ми живи и здрави!
За Македонија секогаш се’!
Да живее ВМРО-ДПМНЕ!”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
По хуманитарната балетска претстава во Кочани: „Ballet Magnificat“ на средба со градоначалникот на Кочани Владко Грозданов
Библиотеката „Искра“ во Кочани го одбележа 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право
Планинари, граѓани и службени лица на армијата и полицијата ќе маршираат заедно во чест на 150 годишнината од Разловечкото востание