Се поизвесен е впачатокот дека во оваа вештачка творба наречена “северна”, под контрола на државни институции со неупатени печалбари во државната администрација, општиот хаос и слободниот пад кон дното кое никако да дојде, се неминовни и во периодот кој следува.
Продолжува крчмењето на Македонските национални интереси!
Во услови кога се вршеше систематски поткуп на јавна сцена од страна на власта на чие чело про-форма беше Оливер Спасовски а од позадина кланот Заеви ги тегнеа конците цели 5 месеци пред избори, резултатот на изборите е повеќе од очекуван.
Падот на власта на Зоран Заев од кормилото на СДСМ беше спречен со бруталниот поткуп на граѓаните, наплатен од задолжувањето на државата до граници кои ја надминуваат секоја реална и логичка издржаност. Поткуп кој беше пропратен истовремено со таргетирани притисоци и закани кон осиромашениот Македонски народ по различни основи и линии на моќ и влијание.
За сето тоа сведочат безброј информациите во Македонските медиуми кои не тенцуваат на музиката свирена под палката на Зоран Заев.
Лепезата на политичка транвестија на СДСМ ја надополни и предизборната коалиција со Беса, чија што скапа цена Биљал Касами многу умешно ја наплати кај Зоран Заев изразена во пратенички мандати.
Неспособноста на ДИК како најодговорно тело за спроведување на изборите, да обезбеди јавен и транспарентен начин на презентација на изборните резултати согласно своите одредби и функција е само врв на сантата мраз која создаде уште една дупка во трупот на Македонскиот титаник.
Не може бе системот во ДИК да врши непречена обработка на внесот на податоци од страна на избирачките одбори а онлајн апликацијата да ти биде недостапна како резултат на хакерски напад. Секој граѓанин со малку писменост во областа на комјутерските системи и серверски конфигурации знае дека и секој хостинг сервер има опција за бекап на податоци кои се интегрирани на таа онлајн апликација која врши презентација на обработените податоци од серверот на ДИК. Дополнително секој сервер има опција за одбивање на брут форс атак (brute force attack) со прекинување на конекцијата кон изворишните IP адреси од каде доаѓа нападот. И сето тоа се решава со максимум 2 часовна интервенција од страна на систем администратори кои си ја познаваат работата. Наместо тоа ние до ден денес (цели 38 часови до моментот на пишување на овој текст) онлајн апликацијата да не биде достапна за јавност.
Оттука сомнежите за штелување на бројки и изборни резултати се повеќе од релевантни а паушалните изјави без поткрепа на поголем број на аргументи придодаваат “масло во оганот”.
Масовниот и добро-организиран партиско-државен апарат од страна на СДСМ со целата своја решеност преку брутален притисок и поткуп да останат на власт немаше соодветен одговор од техничките министри минус Рашела Мизрахи)
Настрана од целата оваа рашамонијада во државата продуцирана од партиско- платеничката државна администрација не само во ДИК туку и на сите нивоа на државна управа, Македонскиот народ јасно и гласно упати силна порака за непобитност на својот Македонски национален идентитет.
Голема е поддршката на Македонскиот народ кон ВМРО-ДПМНЕ која во своето име ја содржи определбата за Македонско Национално Единство и покрај обидите на разно-разни сателит партии под контрола на странски интереси да се позиционираат во десниот блок за да откинат гласачко тело од единствената политичка сила која можеше да се спротивстави на Зоран Заев и целиот негов партиско-државен апарат преку кој го ширеше своето влијание и моќ над гласачкото тело. Малиот квантум на гласови одземени од контото на ВМРО-ДПМНЕ од страна на Интегра, Глас за Македонија, Единствена Македонија, Македонскиот концепт итн., иако мал, не е безначаен. Дополнително крекањето на овој политички жабарник во изминатиот период ја чинеше ВМРО-ДПМНЕ пасивизација на про-национално определените гласачи кои што не излегоа на гласање за што Христијан Мицкоски и неговата партиска структура реално немаа соодветен одговор за разобличување на оваа појава.
Дополнително немањето на политичка храброст за упатување на доволно јасни и гласни предизборни пораки за актуелните прашања од страна на кандидатите за пратенички функции на листите на ВМРО-ДПМНЕ е сегмент кој што треба сериозно да биде анализиран во врвот на оваа опозициска партија. Малку светлина во тунелот додава појавата на Игор Јанушев во третата изборна единица каде иако со намален бројот на пратеници од претходните избори сепак генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ следен од останатите кандидати за пратеници извојува мала но значајна победа над коалицијата на СДСМ.
Неговата подготвеност за бескомпромисна борба со целото зло кое што се надвиснува над Македонија е една од главните особености по која тој стана препознатлив во јавноста во изминатиот период и веројатно е главната причина за оваа негова победа во третата изборна единица над целокупниот корумпиран партиско-државен апарат под контрола на СДСМ. Таа особеност на непоколебливост и гласност кај Игор Јанушев треба да биде јасен показател за сите идни и сегашни политички претставници на Македонското национално ткиво кои пледираат да ги бранат интересите на Македонците во иднина.
Дополнително во прилог на овие тези оди и големиот број на освоени гласови како и два пратенички мандати (според ДИК) од страна на Левица која преку својот политички најистурен играч- Апасиев успеа да собере значителен квантум на гласови повеќе од 2016 година.
Апасиев со неговата недвосмисленост, жестока искреност и директност пред очите на граѓаните искристализира суштина која што е важна за Македонскиот национален блок со што ја заслужи нивната доверба и поддршка. Дополнително во прилог на Левица е и тоа што ваквата директност и непоколебливост кај Апасиев може да му носи уште поголем раст во иднина од позиција на парламентарна група внатре во Македонскиот парламент.
Како ли стигнавме до тука?
Површни анализи и стратешки необмислени мерки на делување, набрзина стокмени реал-политики, лоша кадровска екипираност, изолираност од реалноста и народот, неоснованиот победнички менталитет и одбивање за прифаќање на мудроста на Македонскиот народ…
Ова се теми кои во иднина треба наголемо да бидат дискутирани во редовите на Македонскиот национален политички блок кој што се очекува да застане во градењето на иднината на државата.
Северна?
Никогаш!
Пишува: Кирчо Анастасов


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст