Затоа што на тој начин се потврдува нивната теза дека во Македонија, ние Македонците сме Бугари, односно дека тие – малцинството “Бугари” во Албанија се продожение, односно се дел од мнозинството “Бугари” во Македонија.
Како поинаку во Албанија би имало Бугари кога помеѓу Албанија и Бугарија, географски се наоѓа Македонија?
Значи, мисијата на потпретседателката Јотова во Албанија е директно насочена кон Македонците во Македонија. (!)
*Го гледаат ли тоа Бујар, Ковачевски и Пендаровски?
Со оглед на тоа што имаме отсуството на реакција од Бујар Османи, очигледно е дека нему тоа или не му е важно, или е свесен и е договорен да молчи и тоа на штета на своите сограѓани Македонци од кои зема плата.
Нека си продолжи да јаде сендвичи по аеродроми, а Ковачевски нека глуми кловн со Дарт Вејдер и слична реторика. Тој и така не разбира висока политика.
И двајцата не се тука за да работат во интерес на Македонија, туку функциите им се како попатна станица од која треба да имаат личен бенефит. Бујар нешто повеќе, а Ковачевски само кеш.
**Реакција од Стево Пендаровски не очекувајте, тој и да реагира – после тоа ќе се пишмани. И после за 0.2% рејтинг криви му се ботовите…

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!