Веќе повеќе од три години сме неми посматрачи на сиот анти македонски циркус , приреден во изведба на црпнатиот муртински диригент .
И на крајот никако да му дојде крајот.
Повеќе од две години упорно се бара причинителот за овие настани , те еднаш во опозицијата, те еднаш во македонските институции, те во народот.
И лавиринтот станува се поголем и поголем без можности да се пронајде толку очекуваниит излез.
Секој на секој наоѓа мана и кривица , и одговорноста лична и колективна ја препишува на другиот, така е полесно нели!
Во нормална “европска” држава , при вакви околности и национално предавство, решението ќе се најдеше уште во април 2017 и ќе се стопираше засекогаш нелегитимното устоличување на црпнатиот и северните. Точка.
Ама тоа е во нормална држава, не во северна нелегитимна фашистичка творба.
Како до решението и започнување на градење на македонска национална стратегија и држава?
- Најпрво, по секоја цена да се оневозможи на црпнатиот и западните ни “браќа” да продолжат да зборуваат во името на Македонците .
- Што побрз пад на “владата “ и овозможување на вонредни извори, преку неизгласување на доверба во собранието . Мнозинството им е повеќе од кусо.
- Кристално и транспарентно изјаснување на партиите и опозицијата во однос на Преспа, Бугарскиот, пљатформ ,северна, ЕУ…
- Оние кои се и за еден од овие договори и определби , да се оттргнат од патот на Македонците за возобновување на македонска национална држава.
- Секое идно понатамошно чекање и малтретирање на народот со божемни протести за струја , корупција и бла, бла , бла е излишно и тој ист народ треба тоа да го препознае и оквалификува како такво.
- Другата непарламентарна опозиција и нивните лидери, ја имат исто одговорноста пред тој народ.
Ако се продолжи со досегашниот начин на (не)дејствување, односно поединечно делување без никакви можности за координација и окрупнување , тогаш и нивната улога и одговорност ќе бидат ставени во прашање и немо набљудување на предавството.
Досега и од нивна страна не видовме координирани активности или конкретни протести и манифестирање против горе наброените злосторства на црпнатиот.
Во секоја нормална држава , сета опозиција се обединува бар во почетокот против власта, особено ако предавството е од големи размери како кај нас. Единствен критериум е пад на власта ( црпнатиот) со се северна, а потоа се прават разни комбинаторики и кој е за кој од Надворешните ни “пријатели”.
За жал, тоа во Македонија не се случи и се случува тоа што е веќе зацртано во главата на “нашите стратегиски” партнери.
И на крајот, кој е најголем губитник и секако и најголем кривец во македонското самоуништување ?
Народот, тој ист народ кој очекува друг да му ја заврши одговорноста и задачата. Успаноста, ладнокрвноста, немањето национална свест, ноншалантноста во политичкиот и општествен свет што го опкружува.
Како економски губитник, така и национално обесправен и потчинет.
Очекува повик од лидер(и)…..
Во секоја нормална држава , народот се крева и реагира на секоја ситуација што му ја загрозува неговата иднина и судбина .
Во секоја нормална држава…..
Пишува: Драган Стоиловски


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст