На Европското тимско првенство во атлетика (European team Championships) кое се одржува во Кипар, Македонската атлетичарка Дрита Ислами во првиот ден од ова атлетско натпреварување кое започна вчера (сабота 19.06.2021 година) истрча со време за нов државен рекорд на Македонија. Таа победи во дисциплината трчање на 400 метри со пречки со време од 57 секунди и 53 стотинки со што го подобри стариот рекорд на Македонија за повеќе од една секунда.

Со овој резултат Дрита освои 1095 поени во Светската атлетска федерација… Колку за споредба, најдобрата руска атлетичарка на 400 м. со пречки, Ксенија Короченко, оваа година има за 32 стотинки послаб резултат од нашата Дрита…
Тренерот Игор Јакимовски вчера изјави дека ова е убедливо најдобриот резултат во македонската атлетика во 21-виот век!
Urime, Drita Islami!
Во продолжение ја пренесуваме снимката од успехот на Дрита.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Чешиново-Облешево доби нов, модерен простор за рекреација на најмладите
Македонскиот Премиер упати пораки за улогата на новите инвестиции за потребите на Македонска пошта
Нова ера во работата на Македонски пошти