БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мала анализа на историскиот резултат на Дрита Ислами постигнат вчера на Европското тимско првенство во атлетика

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

“Направивме една мала статистика и анализа на резултатот на Дрита Ислами, која вчера во Лимасол (Кипар) во рамки на Европското екипно првенство 3 лига го освои 1-то место на 400 м. со пречки и постави нов Македонски рекорд со резултат од 57.53 секунди.Овој викенд се одржуваат и другите две лиги (1 и 2 лига), додека Супер лигата се одржа на 29-30 мај. Ако го споредиме резултатот со останатите од истата дисциплина Дрита ќе се најде на високата 13 позиција.

Исто така резултатот на Дрита е веќе ажуриран и во ранг листата на Европската атлетска асоцијација и во дисциплината 400 м. со пречки се наоѓа на 107 место и е најдобро рангирана атлетичар-ка од Македонија.Според оваа ранг листа само 3 атлетичарки од Балканот имаат подобро време од Дрита, Димитра од Грција (57.06), Агата од Словенија (57.38) и Санда од Романија (57.48). Што значи можеме да очекуваме, доколку Дрита ја задржи формата, следниот викенд на Балканското првенство за сениори-ки во Белград Дрита да се бори за медал.

Исто така со овој резултат Дрита ја исполни и нормата (57.95 секунди) за учество на Европско првенство кое следната година ќе се одржи во Минхен (Германија).

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Браво Дрита!”

-фејсбук објава на AK Rabotnicki

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace