Вчера вечер највисокиот државен врв на Република Македонија беше на прием во Амбасадата на САД во Скопје по повод 3 децениското воспоставено партнерство и соработка на нашата татковина со САД преку воспоставените дипломатски односи.
“Свечен прием по повод 30 години македонско‐американски дипломатски односи
Овој јубилеј го означува стратешкото партнерство, пријателството и довербата што ги градиме веќе три децении.
Соработката со САД отсекогаш била значајна за нашиот развој, реформски напредок и евроатлантска иднина.
Уверена сум дека ќе продолжиме да ги продлабочуваме македонско-американските односи во интерес на граѓаните, јакнењето на демократијата и придонесот кон регионалната и глобалната безбедност.”
-напиша Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на социјалните мрежи.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи