Во фотофиниш неколку часови пред истекот на рокот за поднесување на кандидатурите за градоначалници и кандидати за советници на претстојните локални избори, од ВМРО-ДПМНЕ ОК Македонска Каменица ја потврдија кандидатурата на актуелниот градоначалник на Македонска Каменица Димче Атанасовски за негов втор мандат како и кандидатурите на кандидатите за советници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на чие чело стои Гоце Стоиловски- Претседател на Општинскиот Комитет на партијата.
Кандидатурите беа промовирани во присуство на Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки како и членовите на комитетот.
Поради големата конкуренција на квалитетни кадри во Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ овие кандидатури беа соопштени во своевиден фотофиниш, но сепак врз основа на детална и сеопфатна анализа од партијата беа предложени најдобрите кандидати кои што ќе имаат огромна одговорност во наредниот 4 годишен мандат, со оглед на предвидените проекти за развој не само на Македонска Каменица туку и поширокиот регион
Актуелниот градоначалник Димче Атанасовски преку свое соопштение во јавноста се обрати денеска истакнувајќи ја својата посветеност и решителност да успее во реализација на високо-поставените стандарди од страна на својата матична партија!
“Македонска Каменица направи вистински и значаен чекор напред. На вчерашниот состанок со нашиот координатор и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки и официјално беше објавена мојата кандидатура за градоначалник на Општина Македонска Каменица, како и кандидатурата на координаторот на ОК ВМРО ДПМНЕ Македонска Каменица, Гоце Стоиловски, за носител на советничката листа.
Со голема чест и одговорност ја прифаќам дадената доверба. Од срце им благодарам на претседателот проф. д-р Христијан Мицкоски и на раководството на партијата за поддршката, а најголемата благодарност ја упатувам кон вас, моите сограѓани, за охрабрувањето и силата што ми ја давате.
Верувам во победата, бидејќи таа е победа за сите нас. За подобра, поразвиена и посилна Македонска Каменица. Иднината на нашиот град е сигурна кога сме обединети и кога работиме заедно, како тим кој посветено се бори за доброто на секој човек.
Мојата визија е јасна, продолжување со реализација на значајни проекти за подобра инфраструктура, за нови можности и достоинствен живот за сите, без исклучок. Секогаш ќе бидам на страната на граѓаните, затоа што напредокот и благосостојбата на Македонска Каменица се нашата заедничка цел.
Ќе работам чесно, одговорно и со целото мое срце. Заедно ќе изградиме општина во која секој ќе се чувствува почитуван и еднакво важен. Тоа е мојата животна определба, моја обврска и мој завет кон иднината на нашата Општина Македонска Каменица.”
-напиша на социјалните мрежи Кандидатот за втор мандат на градоначалничката функција во општина Македонска Каменица.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
По средбата со градоначалникот на Кочани Грозданов претставниците од Здружението 16 март 2025 порачаа: Не сакаме Кочани да биде град во кој ќе згасне радоста!
Обраќање на градоначалникот Владко Грозданов – благодарност до амбасадорот на Република Полска, Н. Е. Мариуш Бримора
Одбележан Денот на претприемачот во Кочани: Илјада лалиња и разговори за заедничка иднина