БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ДУИ цело време ја краде и понижува Македонија, се пазари со туѓи интереси а Ахмети зборува за ЕУ вредности

Пренеси го гласот

Ќе го скрателе времето и пред 2030 ќе влезеле во Европската унија… Вака Али Ахмети ги убедува своите гласачи на партиска трубина, со главна и основна цел да остане и продолжи да биде на власт “како досега” цели 20 години….

“Ахмети повторно ја лаже јавноста. “Загрижениот” за ЕУ овојпат сам себеси се прашува зошто да не го скратиме патот до ЕУ.

ДУИ цело време ја краде и понижува Македонија, се пазари за туѓи интереси и замислете – Али Ахмети ни зборува за Европа и европски вредности.

Повторувам – Али Ахмети ни зборува за Европа. (!!!)

Па што не го скративте патот до ЕУ досега кога цели 20 години сте узурпатори на системот и се’ е под ваша контрола? Секој втор збор Ви е ЕУ, а правите СЕ’ за да го закочите патот на Македонија во ЕУ.

Патот до ЕУ може да се скрати само со жестока и неселективна борба со корупцијата и криминалот, со НУЛА ТОЛЕРАНЦИЈА за лица со криминални досиеа во институциите кои наместо да им служат на граѓаните, ви служат Вам и на таквите како Вас. Патот до ЕУ може да се скрати со целосно и доследно спроведување на законите на територија на цела држава.

Престанете да го лажете народот дека ако влеземе во ЕУ, ќе стигнат брзи пари и на сите ќе ни биде подобро.

Никој од ЕУ не сака да фрла пари во бунар без дно каква што ја направивте Македонија.

#Промени

-реакција на пратеникот Драган Ковачки упатена во јавноста.

Креирано од:


Пренеси го гласот