Дражавниот завод за ревизија денеска ги објави во јавност наодите од извршената ревизија на работењето за Академијата за судии и јавни обвинители, за 2024 година.
Во извештајот се дадени следните клучни наоди и утврдени состојби во работењето на оваа клучна институција во судско-обвинителската власт во државата:
- исплатите на надоместоци на членовите на Управниот одбор и на Програмскиот совет се вршат
месечно и во целост, а не пропорционално од присуство на седница за месеци кога е одржана
седница; - законски утврдениот рок за завршување на втората фаза од почетната обука за 8 – мата
генерација на слушатели за судии и јавни обвинители, е надминат за 3 месеци, што довело до
исплата на дополнителни финансиски средства за ментори и координатори; - дел од договорите со менторите за изведување на практична настава се склучени по изминување
на периодот на менторство; - исплатени се средства за координатори чиј статус, права и обврски не се утврдени со Законот за
Академија за судии и јавни обвинители; - на членови на комисии за оценување на практична настава исплатени им се надоместоци, иако
правото и исплатата на надоместоци за оценување на практична настава не е утврдена во Законот
за Академија за судии и јавни обвинители; - надминување на законски утврдениот максимум за прекувремена работа и не е извршено
претходно писмено известување до подрачниот инспектор на труд за воведување во
прекувремено ангажирање на вработените; - исплатени се средства за прекувремена работа на вработено лице во денови за кои му се
исплатени и дневници за службен пат во странство и за присуство на седница која се одржала во
текот на полното работно време; - не е воспоставена евиденција односно задолжување на лица од која ќе може да се утврди на кого
и за која цел се издаваат картички за гориво; - во тендерска документација утврден е критериум кој не е директно поврзан со предметот на
набавка а треба да го исполни економскиот оператор; - набавени се стоки и услуги без спроведена постапка за јавна набавка и
- известуваме за наплата на надоместок за трошоци за полагање на приемен испит врз основа на
Правилник за полагање приемен испит во Академија за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев“


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Битиќи: Нова манипулација на Мицкоски за БДП, со инфлација од 5,7% животниот стандард паѓа.
Амфенол технолоџи Македонија организира екоакција по повод Светскиот ден за заштита на животната средина во Кочани
ВМРО-ДПМНЕ: Непријатно е да се слуша СДС и нивните првенци како се препелкаат зборувајќи за економија, инфлација, скапотија