БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ќе се извини ли Славјанка Петровска што изнесуваше лажни инсинуации во јавноста за т.н. случај “Делчевски ниви”?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Веројатно стимулирана и охрабрена од провладината пропаганда и медиумски мегафони Славјанка Петровска во 2021 година храбро изнесуваше инсинуации лаги и невистини во јавноста во врска со т.н. случај “Делчевски ниви” кој што властите го креираа да го нарушат кредибилитетот на ВМРО-ДПМНЕ и директно угледот и интегритетот на Претседателот на опозициската партија Христијан Мицкоски.

„Ширењето лажни вести и невистини за наводни притисоци кон пратеникот беше всушност одбрана на криминал. Јавно прашаме дали во овој скандал на нелегално финансирање се вмешани лица блиски до Христијан Мицкоски? Дали меѓу тие лица се и членови на обезбедувањето на Мицкоски и функционери на ВМРО-ДПМНЕ? Очекуваме одговори и од Мицкоски: каква е неговата поврзаност со овој скандал“,

рече на прес конференција од пред штабот на Бихачка, високиот партиски функционер на СДСМ Славјанка Петровска.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Сега откако надлежните органи го отфрлија овој случај поради тоа што нема никакви докази за сторен криминал, рашањето е дали поради ширењето на лаги и невистини Славјанка Петровска ќе се извини на ВМРО-ДПМНЕ, на претседателот Мицкоски како и на целокупната МАкедонска јавност што потхранета со пропагандата на провладините медиуми сакаше да внесе заблуда во државата додека владата во која таа е еден од најистурените членови ја турка Македонија се подлабоко во калта на сиромаштија, несигурност и криминал и корупција?

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace