1. Технички карактеристики
Планската документација за уредување на нова Технолошко Индустриска Развојна Зона ДЕЛЧЕВО под Технички Број H0613 е изработена во јануари 2014 година од страна на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони како нарачател на проектот со одобрување на Министерството за Транспорт и врски. Како проектант на проектот е Агенцијата за планирање на просторот.
Станува збор за површина од 20.83 ha во атарот на КО Делчево со периметар на надворешните регулациони линии од 2102.5907м во близина на населбата Милково Брдо, пруградската населба Басарица и делови од село Полето.
Планскиот опфат според планската документација на ТИРЗ ДЕЛЧЕВО е составен од 8 градежни парцели, организирани во 4 блокови.
Според намената на земјиштето во планската документација се застапени следните групи на класи на намени:
1. Јавни институции – група на класа на намена В;
2. Производство, дистрибуција и сервиси – група на класа на намена Г;
3. Зеленило и рекреација – група на класа на намена Д;
4. Комунална супраструктура – група на класа на намена Е,
Класи на намени:
Јавни институции – група на класа на намена В
• Државни институции – класа на намена В4
Производство, дистрибуција и сервиси – група на класа на намена Г;
• лесна и незагадувачка индустрија – класа на намена Г2
• сервиси – класа на намена Г3
• стоваришта – класа на намена Г4
Зеленило и рекреација – група на класа на намена Д
• заштитно зеленило – класа на намена Д2
Комунална супраструктура – класа на намена Е,
• трафостаница – класа на намена Е2
• мерно-регулациска станица (МРС) – класа на намена Е2
2.Состојба на терен
Изведбените работи за изградба на основната сообраќајна и комунална инфраструктура започнаа во 2015 година. На 30 мај 2015 година беше ставен камен темелникот од страна на тогашниот премиер Никола Груевски и Градоначалникот Дарко Шехтански.. Со забрзано темпо потоа започна изградбата на главната линија на фекалната канализација која се наоѓа долж главната сообраќајна артерија во зоната.
Со почетокот на политичката криза во државата во 2016 година стопираа било какви градежни работи во врска со ТИРЗ Делчево се до ден денес.
3.Продолжување на изградбата на ТИРЗ Делчево-Потреба или луксуз?
ТИРЗ ДЕЛЧЕВО е еден од најважжните инвестициски проекти за развој на Делчево во наредните 50-тина години.
Според предвидените намени на земјиштето во точка 2. (погоре) Производство, дистрибуција и сервиси – група на класа на намена Г каде што на предвидена површина од 129.825 м2 што е 62% од вкупната површина на зоната за изградба на објекти за производство, дистрибуција и сервиси за лесна и незагадувачка индустрија, стоварошта и магацини.
Оптеретеноста на сообраќајот во централното градско подрачје во Делчево кој се одвива главно по трите булевари (Бул. Македонија, Бул М.М.Брицо, Бул. Маршал Тито) во постојните услови на ГУП Делчево не дозволува понатамошен развој на градот Делчево со изградба на нови производствено-стопански објекти кои сообраќајно ќе гравитираат околу овие главни сообраќајни артерии на Делчево. Од таа причина било каков иден развој на Делчево треба да се реализира дел со
-комплетитрање на изградба/доградба/реконструкција на постојните деловни објекти во постојната Сервисна индустриска зона,
-Доуредување на можните парцели во постојните развојни зони (кај фабриката Витекс, Монополот, Графопак над магистралниот пат А3),
-ДУП Грамадна кај новата бензиска на ОИЛ ДЕ
-но главниот развој на општина Делчево и поширокиот регион треба да се реализира со заживување на економските активности во ТИРЗ Делчево.
-постои уште една можност за основање на ОПШТИНСКА индустриска развојна зона од страна на Општина Делчево за што подетално ќе изнесам своја анализа во јавност во посебен текст.
4. Политички околности
Без разлика на политичките и идеолошки определби економскиот развој на Делчево мора да биде врвен приоритет на сите политички структури застапени во општествениот живот на локално ниво. Консензусот за отварање на нови високоплатени работни места за граѓаните на Делчево мора да биде прв приоритет на секоја сегашна и идна власт. Секакви други трошоци од јавниот буџет како на општината така и од останатите извори на финансирање мора да биде подреден на конкретни економски активности кои што ќе овозможат развој на приватниот сектор, стопанството, Производствените и сервисните дејности за да Делчево може да има каква-таква иднина во наредниот период.
Сите актуелни показатели водат кон депопулација на Делчево поради разрушениот правен систем, руинирање на улогата и значењето на институциите на државата, корупцијата, лошото инфраструктурно поврзување но првенствено поради непостоење на било каков интегрален концепт и стратешки пристап кон Локалниот економски развој на Делчево.
Одговорноста на сите граѓани на Делчево, на актуелната генерација на работоспособно население во Делчево, на сите млади, сите пензионери-буквално сите возрасни граѓани на Делчево е огромна но најголема одговорност во себе за иднината на Делчево носат политичките елити кои што се заглавени во ситни теснопартиски рамки на гол популизам раководени од мотото “грабни и бегај” (секоја чест на исклучоци).
Видео прилог од Камен темелникот на ТИРЗ Делчево:
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Кому му пречи соработката меѓу демохристијански народни влади во Европа?
Продолжуваме да живееме во славно срамно сиромашно (три-С) време…
Предлог мерка за заживување на земјоделието: Државата да додели 1200 хектари на пратениците и сите субвенции за да произведат храна за народот