Заменик Министерката за финансии Елена Петрова денеска на прес конференција ја информираше јавноста за исходот од обидите за незаконско вработување на над 3000 луѓе во Министерството за финансии.
“НЕЗАКОНИТИ СЕ ОДЛУКИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊА И УНАПРЕДУВАЊА ВО МФ И СОГЛАСНОСТИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊА ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР
Со Пресуди на Вишиот управен суд се поништени како незаконити одлуките на ДИК (кои беа донесени врз основа на барања на Министерот за финансии) со кои ДИК одлучи дека актите за вработувања и унапредувања не се однесуваат на правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите и не треба да се потпишуваат со “врзани” потписи на Министерот за финансии и Дополнителниот заменик на министерот.
Со ова се докажа дека Министерот за финансии, по формирањето на техничката Влада, незаконски ги потпиша согласностите за вработувања во јавниот сектор за околу 3000 лица, на неопределено време, определено време, привремени вработувања, договори на дело, авторски договори и превземања. Незаконити се и одлуките за вработување и унапредување во МФ. Согласно пресудите на Вишиот Управен суд, сите овие одлуки не може произведуваат правно дејство, затоа што е поништена одлуката на ДИК за прашањето за врзаните потписи.
Во Македонија мора да се почитува владеењето на правото и да функционира правната држава. Врзаниот потпис во Законот за Влада е предвиден како гаранција дека дискреционите овластувања на Министерот за финансии нема да се применуваат заради постигнување на политички цели во услови на постоење на техничка влада и да се спречи манипулирање со избирачката волја на граѓаните.
Се’ додека сум на оваа функција, до последниот ден од мандатот на оваа техничка Влада ќе се борам да се почитува правото и ќе се грижам за правата и интересите на сите граѓани. Владеењето на правото претставува највисок императив за кој јас и партијата која ме номинираше ВМРО-ДПМНЕ силно и без никакви отстапки се залагаме да се почитува.
“
-стои во соопштението упатено во јавноста преку социјалните мрежи во прилог на видеото од прес конференцијата на Елена Петрова.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Цветан Трипуновски: Со поддршка на европските партнери можеме да изградиме конкурентно, одржливо и модерно земјоделство во интерес на земјоделците
Се имплементира акцијата за чистење на општина Виница
Известување до јавноста – Проект „Безбеден град“