БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

СОУ „Гошо Викентиев“ Кочани го одбележа патрониот празник

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Средното општинско училиште „Гошо Викентиев“ денеска го одбележа патрониот  празник. По повод 104-годишнината од раѓањето и 80-годишнината од смртта на Викентиев,   градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов и повеќе делегации положија свежо цвеќе пред бистата во училишниот двор.

По повод празникот на кочанското техничкото училиште, присутните проследија кратка програма, а беа прогласени и најуспешните ученици.

Ученик на генерацијата 2020 – 2024 е Јован Филипов, кој воедно е и најуспешниот во електротехничката струка. Од машинската струка, за ученик на генерацијата е прогласен Александар Гоцевски, а од сообраќајната струка – Дејан Иванов.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Директорот на СОУ „Гошо Викентиев“ Владо Симеонов им врачи годишни признанија на професори со 10, 20, 30 и 40 години работен стаж.   

Креирано од:


Пренеси го гласот