Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП “Брегалница” Делчево

Пренеси го гласот

“Стравот и паниката на локалните директори во Делчево деновиве се на највисоко ниво.

Избегнувањето јавно да одговори на прашањата кои што пред целата делчевска јавност ги поставивме на директорот Стојче Стојковски, наведува на заклучок дека тој се обидува да ја прикре вистината. Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината, затоа уште еднаш ќе прашаме:

Дали граѓаните на Делчево преку зголемените сметки за вода во услови на криза треба да плаќаат за дворното уредување на семејната куќа на Стојче Стојковски- директорот на ЈКП “Брегалница” Делчево? Директорот е должен да одговори на граѓаните на Делчево од чии што пари зема плата едноставно со ДА или НЕ!

Дали вработените и ангажирани лица во ЈКП Брегалница Делчево прикажани на овие фотографии работат надвор од работното време и дали и на кој начин директорот им платил за нивниот ангажман? Понатаму јавноста има право да знае дали машините кои што се гледаат на овие фотографии во дворот на семејната куќа на Стојче Стојковски се во сопственост на ЈКП “Брегалница” Делчево и на кој начин се изнајмени за да бидат користени за уредување на неговиот семеен двор?

Директоре Стојковски не се кријте зад напишани соопштенија кои друг ви ги пишува и одговорете дали бекатон плочките и песокот кој го имате вградено во вашиот двор се набавени од ваша лична страна од некој приватен деловен субјект и дали поседувате соодветна сметка за ваквата набавка на овие градежни материјали?

Јавно прашуваме затоа што граѓаните треба да знаат дали овие бекатон плочки и песок се изнесени од дворот на ЈКП “Брегалница” Делчево за да бидат поставени во вашиот двор?

Бегството од овие одговори на Стојче Стојковски кој се крие зад некакво соопшетние би требало да биде предмет за постапување на надлежните правосудни органи.

Доколку Стојче Стојковски и понатаму одбива во јавност да даде одговори на овие конкретни прашања, ја повикуваме Државната Комисија за спречување на корупција и Основното Јавно Обвинителство по допрен глас да ги разгледа овие прашања и за истите да ја провери вистината.

bregalnickimarketing

Порано или подоцна одговорноста за можните индиции за злоупотреби содржани на овие фотографии за кои што граѓаните имаат право да ја знаат вистината, ќе дојде. И во такви околности заканите за тужби од страна на директорот Стојче Стојковски кон советници во Советот на Општина Делчево во обид за прикривање на вистината и правдата дополнително ќе бидат предмет на разгледување.

Дополнително апелираме до претседателот на Советот на општина Делчево да ја заштити работата на советниците во интерес и служба на вистината која што треба да ја знаат сите граѓани на Делчево.”

-интегрален текст на прес конференција на Ели Ангеловска- советничка во Советот на општина Делчево заедно со советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на МАкедонија.

Креирано од:


Пренеси го гласот